Беше секс симбол во 80-тите, кршеше машки срца: Вака денес изгледа познатата актерка (ФОТО)
Кога се појави на
Канскиот филмски фестивал, сите воздивнуваа
Легендарната Изабел Аџани се појави на Канскиот филмски фестивал на премиерата на филмот „Peaceful“, а сите коментираа дека иако има 66 години, изгледа нереално.
Кога престижниот магазин „ЛА Тајмс“ објави листа на најубави жени во филмските продукции пред неколку години, првото место, без конкуренција, го зазеде никој друг, освен актерката со извонредна убавина, Изабел Аџани.
Изабел, далеку од современите стандарди за убавина, но единствена, ретка и божествена, ова титула таа ја доби од филмот „Кралицата Маргот“, иако и во другите дела остави трага на нејзиниот необичен и опоен изглед. Никој не остана рамнодушен на нејзиниот изглед, а во 80-тите немаше човек кој не беше барем малку заљубен во неа.
Сепак, покрај тоа што го воодушевува светот со својата убавина, нереалната Изабел може да се пофали и со неверојатен талент - пет пати во кариерата беше крунисана со наградата Цезар, а во Кан уште во 1981 година ја доби двојната награда за најдобра актерка.
По успешните улоги, актерката се повлече од јавната сцена и со години не се појавуваше во јавноста, па нејзиното доаѓање на Канскиот фестивал годинава ги изненади сите.
Актерката се појави на премиерата на филмот „Peaceful“, а сите со ентузијазам гледаа во нејзе. И покрај тоа што има 66 години, таа изгледа неверојатно. Таа не крие дека имала неколку естетски корекции, но сè било направено со мерка, па затоа не изгледа „пластично“ како повеќето нејзини колешки.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Се запознаа во ноќен клуб, таа не ни сонуваше дека наскоро ќе стане африканска принцеза: Љубовна приказна која го обиколи светот (ФОТО)