Бев мртва 30 минути, лебдев над моето тело: Лекарка раскажува како ја преживеала смртта

фото: Youtube printscreen/CNN/SurvivingDeath

Ќе се наежите од животната приказна на лекарката Мери од Њујорк, тaa сè уште се сеќава на секој детал.

Њујорчанката Мери Нил (62) е докторка која беше заразена со коронавирус, но успешно го победи и вели дека никогаш не се исплашила за себе затоа што „знаела“ дека нема да умре, а еве како.

"Коронавирус? Не беше време да се умре. Тоа го знаев затоа што станав од мртвите во 1999 година, а потоа ми рекоа што ќе се случи во иднина“, вели Мери Нил во интервју за емисијата „Преживеана смрт“.

Во далечната 1999 година, Мери отишла со своето семејство во Чиле, каде што едно попладне пловела со кану на реката.

Одеднаш се превртела во чамецот и паднала во водата. Ја удрила главата на карпа и лебдела во водата околу 20 минути, сè додека не ја повлекла на површината.

„Бев мртва 30 минути. Лебдев над моето тело, а потоа дојдоа некои феномени што луѓето во светот обично ги нарекуваат ангели, според мене не знам што беше, кој беше, но се сеќавам како се оддалечив од телото. Го напуштив овој свет. Горе на небото видов некои луѓе од минатото кои веќе не се живи. Ми рекоа дека не е време да умрам и дека ако живеам здраво, ќе живеам до длабока старост“, изјави Нил за Си-Ен-Ен.

Таа тврди дека не била исплашена на почетокот на „состанокот“ со починатите.

„Бев неверојатно смирена и мирна. Сите ме погледнаа со блажена насмевка. Одозгора, гледав како моите колеги ме оживуваат околу десетина минути. Ангелите потоа одеднаш ме вратија во телото и дишев. Тоа беше пред повеќе од две децении, но и денес се сеќавам на сè“, рече Мери, чија животна приказна ја раскажа за емисијата „Преживеана смрт“ и може да се гледа оваа зима на Нетфликс.

извор: objektiv.rs

Тој е богат, убав и славен, таа е родена со тешка деформација: Ова е најубавата љубовна приказна на светот!