Бев невеста со фустан до колена во кал, со најужасна фризура од дождот, но ја имав најшироката насмевка: Маја Андоновска искрена за 11 години брак

Да треба да се вратам назад 11 години пак би го направила истото, пишува актерката Маја Андоновска, раскажувајќи дел од нејзиниот свадбен ден на социјалните мрежи.
Мојата свадба беше проект на кој работев цела година, точно знаев дека ќе носам огромен невестински фустан, со долг превез кој се влечка зад мене, дека ќе имам бели сандали од Салваторе Ферагано со крилја, црвен бидермаер, тортата беше најдена, сталажи за тортата се правеа по нарачка, црвени латици од ружа на секоја маса...сите желби исполнети“ , ја почнува Маја приказната додавајќи најпрво морала да прими инфузија па да се подготвува за најубавиот ден во нејзиниот живот.
„Дојде денот на свадбата. За мене почна во 5 сабајле, прво морав да одам на заразно да примам инфузија, оти бев ужасно болна. Надвор истураше толку силен дожд, како да е крај на светот. Од инфузија се упатив на фризер, косата планирав да ми биди пуштена, виткана, ме направија совршена и од таму правец на шминкер. Од фризер до шминкер веќе почна да попушта фризурата од влагата, ама јас се надевав дека не е до толку лошо. Кога завршив на шминкер толку доцнев на сопствената свадба, а паралелно толку многу истураше дожд, што еден дуќанџија отвори чадор за на плажа од оние што ги имаат пред дуќани за да ме однеси до такси да не останам без фризура. И стигнав дома, со полуиспуштена фризура, другарките и роднините чекаат, јас се спремам лудачки, кога тропнаа тапаните кај мене пред врата“ , искрено напиша Маја.
И да , поминаа 11 години од денот кога кажавме Да , од оваа наша приказна се роди нашиот најголем дар -Николај, нашиот животен ролеркостер во изминатите 11 години не запре да вози во поразлично темпо отколку на денот на свадбата, ама да треба да се вратам пред 11 години, одговорот ќе остане непроменет“, завршува статусот на шармантната актерка кој го сподели со следбениците на Инстаграм.
ФОТО: Инстаграм принстскрин