Бев подготвен дека татко ми ќе не напушти: Емотивна приказна на Роберт Билбилов
Со емотивна приказна, продуцентот и пејач Роберт Билбилов се присети на својот покоен татко, композиторот Хилми Билбил, кој е најпознат како автор на фолк-евергринот „Бисер Балкански“.
“Имав 15 години кога почина татко ми. Беше болен од срце и уште од тогаш некоја моја интуиција ме тераше да помислам дека може да се случи и најлошото. Моите чичковци ме подготвија дека ако татко ми почине, јас треба да бидам тој што ќе го води семејството. Мојата мајка тогаш беше многу млада, а и сестра ми беше мала. Така и направив. Кога ни јавија дека починал, мене ми се вратија зборовите дека јас сум сега одговорен“, изјави Билбилов во емисијата „Ексклузив“ на 1 ТВ.
„Тој беше виолончелист и е „виновен“ што денес и јас сум музичар. Знам дека замина на проба во Операта, а тогаш беше хит песната „Чудна жена беше Вера“. Ми ја даде на касета и ми рече: Дур се вратам, преслушај и почни да учиш да ја свириш. Подоцна, во текот на годините, како да се тркав со него“, додаде Билбилов.
Роберт кој е еден од најшите најплодни автори вели дека ако татко му сега беше жив, тој би го однел во студио и би му ги пуштил неговите нови песни. „Тој беше голем автор и уште се трудам да постигнам барем дел колку што постигна тој“, објасни продуцентот. „Татко ми е погребан во Охрид и иако често не одам на неговиот гроб, наоѓам друг начин како да се конектираме“, додаде Роберт.