Бев силувана на задното седиште од автомобил: Трауматична животна приказна на Холивудската дива

Фото насловна: PARAMOUNT/KOBAL/SHUTTERSTOCK

Иако пред неколку дена го прослави својот 88-ми роденден и се откажа од актерството уште во 1991 година, американската актерка Ким Новак сè уште работи со полна пареа: постојано слика во својот дом во Калифорнија, се грижи за животни и неодамна ја објави својата книга „Ким Новак: Нејзината уметност и живот“ за време на чија промоција откри дека била силувана како дете.

Повеќето и се восхитуваат како „русокосата убавица Хичкок“ од култниот филм „Вртоглавица (Vertigo)“, но малкумина знаат дека животот на холивудската дива не бил воопшто чудесен. Родена e во 1933 година во Чикаго како Мерилин Полин Новак, за време на нејзината кариера морала да се соочи со неодобрувањето на нејзиниот татко, холивудските предатори и продуценти кои ја омаловажувале, и како тоа да не е доволно, судбината и донесе пожар во кој скоро ги изгуби сите работи и биполарно нарушување со кое се бори со години.

Серија темни облаци лебделе над неа и како дете. Растејќи како дете на чешки имигранти, таа не била најсаканата девојка во соседството, децата злобно гледале на имигрантите од источноевропска земја, па затоа често ја задевале. Вербалното малтретирање наскоро станало многу поопасно.

- Тоа беше во раните тинејџерски години. Неколку момци ме силуваа на задното седиште на нечиј автомобил - призна Ким Новак во интервју за британскиот дневен весник „Гардијан“. - Наследив ментална болест од татко ми, а силувањето само ги зголеми моите страдања.

Таа не им кажала на своите родители што се случило. Стравот од реакцијата на татко ѝ и осудата на околината била многу поголема од потребата да се отвори душата на нечие рамо. На крајот на краиштата, таа исто така видела недостаток на поддршка кога започнала актерска кариера. 

Фото: PARAMOUNT/KOBAL/SHUTTERSTOCK

- Никогаш не ја прифати мојата актерска кариера. Тој дојде на премиерата на првиот филм, но ја напушти салата на сред проекција. Подоцна ме праша: „Што требаше да направиш за да станеш актерка?“. А, навистина не беше така. Дури и денес ми е тешко да зборувам за тоа - откри Ким Новак пред неколку години во ексклузивно интервју за „Глорија“.

Таа тогаш не знаела, но денес е свесна за тоа, дека испадите на гневот на нејзиниот татко не значеле дека тој е лош човек, туку само дека тој се борел со истата болест со која се бори и таа со години.

- Долго време во себе чувствував поделеност, но мислев дека сум едноставно таква, дека тоа не може да се поправи. Дури кога ми дијагностицираа кон крајот на 1970-тите, сфатив дека не сум единствената. Сфатив зошто еден ден сум крајно воодушевена, додека следниот ден не можам да ја избегнам тагата. Тешко ми беше, бидејќи не знаев дека имам биполарно растројство. Јас дури и не знаев што е тоа. А, верувајте ми, биполарноста воопшто не е лесна. Кога имате луѓе околу вас кои веруваат во вас, тогаш е совршено затоа што мислите дека можете да направите што било. Но, најчесто бев опкруженa со луѓе кои не веруваа во мене. Првиот од нив беше татко ми. Мислеше дека сум безвредна и тоа ми го кажуваше често. Подоцна сфатив дека тој е ментално болен, скоро секогаш во депресивно расположение, па не можам да го обвинувам за таквото однесување, но многу ме боли што дури и оние што беа најблиски до мене не веруваа во мене. И со секој негативен коментар, се повеќе се сомневав во себе, а со биполаритет, тоа ме доведе до депресија - призна холивудската актерка.

Легендарната холивудска актерка од доцните педесетти и раните шеесетти години се прослави под режисерската палка на Алфред Хичкок во „Вртоглавица (Vertigo)“, психолошки трилер од 1958 година, кој беше прогласен за најдобар филм на сите времиња во анкетата на угледниот магазин „Sight & Sound twо“. 

Фото: COLUMBIA/KOBAL/SHUTTERSTOCK

Нејзината последна улога беше во 1991 година во трилерот „Либестрам“ на Мајк Фигис, а 23 години надвор од филмската индустријата беа доволни за многу гледачи, главно помладите генерации, да заборават на неа.

Ова се виде и во 2014 година кога се појави на Оскарите како водителка. Додека оскаровката Метју Меконахи стоеше покрај неа со почит на сцената, бројни корисници на социјалните мрежи јавно се прашуваа која е жената, но и го исмеваа нејзиниот изглед, особено нејзиниот неприроден изглед на лицето. Да знаеја дека Новак се здоби со изгореници на лицето во пожар што ја зафати нејзината куќа во 2000 година и се опоравуваше една година по силниот пад од коњ во 2006 година, кој меѓу другото и ги оштети нервите, веројатно ќе имаа повеќе разбирање за нејзиниот изглед.

Ким, од друга страна, не се лутеше на тоа. Сфати дека предолго е далеку од центарот на вниманието на медиумите, но дека не жали за ништо. Дури и затоа што таа повеќе не глуми. 

Фото: JIM SMEAL/BEI/SHUTTERSTOCK

- Не ми недостасува глума, туку понекогаш се чувствувам виновна што ја пропуштив можноста да добијам подобри улоги како позната актерка. Знам дека звучи чудно, но некако се чувствувам како да му должам на светот. Дека не покажев се‘ што знам - скромно рече Новак. Дел од тој долг го врати со книгата „Ким Новак: Нејзината уметност и живот“, што не е класична автобиографија, туку е преглед на нејзините уметнички и животни достигнувања. Инаку, таа се откажа од својата автобиографија многу одамна.

- Во средината на деведесеттите изгубив друга куќа, овој пат во пожар, а со тоа и веќе завршениот ракопис. Имав и копии, но сè исчезна со куќата. Не сум тажна поради тоа, затоа што ми се чини дека сè се случува со причина. Сега знам дека автобиографијата всушност беше наменета за мене. Бог сакаше да го напишам за катарза. Нема да напишам нова - изјави холивудската дива Ким Новак.


Можеби ќе ве интересира:

Болката за загубениот син ја преточи во најтажните стихови: Познатата песна на Ерик Клептон крие трагична судбина