Бев згоден и богат, ѝ дадов сè - авиони, дијаманти, јахти! Ми рече „Те сакам засекогаш“, 4 часа подоцна ме уапсија, а таа ...

Четири години актерката Ен Хатавеј, луда и слепа од љубов, им кажуваше на сите што сакаат да ја слушнат дека нејзиниот харизматичен партнер Рафаело Фолиери е „бог“. Не само што „изгледа толку убаво“, туку италијанскиот претприемач се однесувал исто како измислениот лик од нејзиниот филм „The Princess Diaries (Дневници на принцезата)“ што ја направи славна кога беше тинејџерка.

Тој ја шеташе низ целиот свет со приватни авиони и јахти, а потроши 87.000 фунти за приватен авион што ги однесе на новогодишната ноќ во домот на модниот дизајнер Оскар Де Ла Рента во Доминиканската Република. На приемот присуствуваа и Бил и Хилари Клинтон, пишува „Дејли меил“.

Фолиери, кој тврдеше дека е многу близу до врвот на Ватикан, всушност бараше инвеститори во луксузни хотели кои ќе учествуваат во продажба и купување на имот што и припаѓа на Католичката црква. Ен обично беше до него. 

Тоа беше „огнена“ врска полна со страст и гламур и беше опсипана со бројни подароци, вклучително и обетки од сафир и дијамант, и Картиер ѓердан од смарагд и бисер и нараквица од дијамант. За возврат, Хатавеј му подари слатка фигура на зелена жаба, онаа што во бајките се претвора во принц кога принцезата ја бакнува.

„Имав 25 години кога се запознавме во 2004 година. Имавме многу среќни моменти. Мислев дека нема ограничување за мене", рече неодамна Фолиери во ексклузивно интервју за Дејли Меил. 

„Се сеќавам на една вечер кога Ен снимаше во друга земја и во мојот стан на 47-от кат од Олимписката кула, гледав низ прозорецот со неверојатен поглед и се чувствував како да можам да направам сè што некогаш сакав“, се присети тој.

Но, тогаш, на 24 јуни 2008 година, Фолиери беше уапсен за измама.

„Таа вечер, Ен ми се јави од Лос Анџелес. Разговаравме десет минути и планиравме кога може да се врати дома. Колку што се сеќавам, нејзините последни зборови беа: „Те сакам засекогаш", по што го завршивме повикот. Четрири часа подоцна бев уапсен. Никогаш повеќе не се слушнав со Ен“, рече тој.

Бизнисменот тврди дека не чувствува никаква горчина кон актерката, но повредата е јасно видлива на неговото лице додека зборуваше за неа, пишува „Дејли меил“. Од апсењето, тој немал никаква комуникација со жената што ја сакал најмногу на светот и дури не добил ниту порака за поддршка, иако затворот го „скршил“.

„Никогаш, никогаш, никогаш. Мислам дека донесе деловна одлука. Одлучи дека најважно и е да ја спаси кариерата. Не сум огорчен. Погледнете ме во очи. Ќе видите дека не сум лут на неа, но јас сум повреден“, призна Фолиери.

Ова е првпат Фолиери отворено да зборува за скандалот за кој беше уапсен. По неговото апсење, судските документи покажуваат дека обвинителството тврди дека Фолиери лажел за неговите врски со Ватикан. Тој рече дека тврди дека бил овластен од највисоките црковни претставници да ја претставува црквата Каролич во САД додека продавал цркви и манастири и купувал земјиште.

За да се финансира раскошниот начин на живот што Фолиер го водеше со Ен, беа искористени парите на инвеститорите, од кои најистакнат беше милијардерот Рон Баркл, близок пријател на Клинтон. Парите биле наменети за авиони, јахти, оброци за ужинка, цвеќиња, медицински трошоци, па дури и за изнајмување услуга за елитно шетање на кучиња која се грижела за нивниот кафеав лабрадор Есмералда.


Фолиери призна дека е виновен по 14 точки од обвинението, во договор со обвинителите, а казната е - четири и пол години затвор. Всушност, тој немаше друг избор, доколку случајот одеше на суд, ќе се соочеше со потенцијална казна од 160 години.

По ослободувањето, тој беше депортиран во Италија и трајно му беше забранет влез во САД.

„Еден ден бев во Олимписката кула, а следниот ден во самица во еден затвор во Њујорк. Апсолутно секој може да каже дека летав премногу близу до сонцето. Кога си млад, се обидуваш да ги завршиш работите брзо. Бев во моите 20-ти години. Бев површен. Направив грешки. На пример, првиот дел од патувањето во Доминиканска Република кога отидовме на забавата на Оскар де ла Рента беше деловен. Го запознав кардинал Санто Доминго. Направив грешка затоа што мешав работа и задоволство и поканив неколку пријатели. Беше потребно да се открие кога се потврдуваат буџетите, а не години подоцна кога парите се веќе потрошени. Но, како што знаете, се изјаснив за виновен за моето дело и платив за своите грешки „изјави тој за Дејли Меил.


Сега 43-годишниот Рафаело вели дека има повеќе сива коса и повеќе килограми во споредба со темнокосниот „бог“ кој бил фотографиран на луди забави со Хатавеј. Тој е среќно оженет со Константина, пријателка од Њујорк, која останала со него дури и кога заврши во затвор. Тие имаат куќи во Милано и Атина, а имаат и син Паскал (4), а деновиве чекаат уште едно дете - девојче.

Ако нешто позитивно излезе од ова, тогаш тоа е сфаќање дека ви треба вистинската личност до вас - некој на кој му верувате. Јас им верував на погрешни луѓе. Константина дојде да ме види во текот на тие четири години. Мојата сопруга е емотивна личност. Таа навистина се грижи за мене, а не за она што можам да си го дозволам. Ако одлучам да живеам едноставен живот утре, би било добро за неа. Сега го чувам приватниот и деловниот живот целосно одделен. Ако изнајмувам авион за лична употреба, сам плаќам. Го живеам животот што ми го дозволуваат приватните ресурси. Изнајмувам чамци. Сакам да пловам и да едрам - има нешто волшебно во тоа", рече тој.

Денес, Фолиери може да си дозволи цела флота луксузни јахти, ако тоа го сака. Тој изгради нова деловна империја, а неговите приходи надминуваат сè што имаше во деновите кога ја сакаше Ен. Вредноста на неговата компанија „Фолиери енерџи“ се проценува на 150 милиони, а неговата матична компанија „ФХолдинг ОАЕ“ со други подружници вреди којзнае колку повеќе.

Фолиери се врати во деновите кога ја запозна Ен - во 2004 година:

„Вечерав со пријатели. Еден пријател од Шведска праша дали може да покани девојка да ни се придружи. Не знаев за нејзините филмови, не гледав „Дневници на принцезата“. Таа беше само убава девојка која остави убав впечаток. Бевме млади. Имав 25 години, таа 21 година. Ја поканив на ручек, но доцнев. Ѝ испратив рози како извинување. Тоа беше врска што функционираше веднаш".

Фолиери не тврди дека е светец, тој признава дека бил арогантен и немилосрден. Но, сомнително е зошто властите го нападнале со таа сила. Фолиери вели дека не може да разговара за обвиненијата бидејќи тоа е дел од неговиот договор за признавање на вина, но вели: „Јас не сум криминалец. Недвижниот имот беше конкурентен и профитабилен. Мојот бизнис беше многу успешен. Стекнавме големи средства низ Соединетите држави. Јас постигнавмногу како млад. Повеќето тоа го постигнуваат во 50-тите или 60-тите години. Верувам дека на многумина не им се допаѓав. Бев премногу голем. Имав премногу и премногу рано. Се забавував со Ен и привлеков внимание. Мислам дека ФБИ беше заинтересиран поради тој публицитет“.

Кога Фолиери излегол од затвор, тој тежел двојно повеќе отколку кога влегол. Оттогаш страдалод несоница и морал да го оперира жолчното кесе.

„Не спиев во затвор затоа што постојано бев на штрек дека нешто може да ми се случи. Тоа ми остана и денес. Спијам многу малку - најмногу три или четири часа. Знаете како луѓето велат дека сè во животот поминува. Но, не е така. Тоа остана со мене засекогаш. Не е важно колку работни места работам, колку авиони или чамци ќе купам, тие години во затвор се секогаш таму. Само требаше да научам да живеј со нив и да научамнешто од тоа.

И навистина научив. Да се ​​биде во авион на враќање кон Италија беше најдоброто чувство во мојот живот, подобро отколку да останам на Олимписката кула на 47-от кат, бидејќи тоа беше слобода. Родителите ме пречекаа на аеродромот. Возевме три часа до Рим, каде што мајка ми организираше голем ручек. Никогаш не сум јадел толку добро. Неколку недели подоцна Константина дојде да помине извесно време со мене и никогаш не замина. Тоа беше тоа, мојот живот започна повторно“, заклучи Фолиер.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Некогаш фатална русокоса, денес непрепознатлива: Познатата актерка го изобличи лицето, претера со ботокс и операции