Без скафандери ја собираат постелнината од заразените пациенти: Во какви услови работи техничкиот и болничкиот персонал во ГОБ „8 Септември“

Огромен револт изразија дел од вработените во ГОБ „8 Септември“ поради лошите услови за работа. Во разговор за Фактор велат дека ризикот од заразување со корона вирусот меѓу нив самите, од ден на ден станува се поголем. Во оваа скопска болница, каде до сега се сместени најголемиот број пациенти со најтешка клиничка слика, а само до вчера беа 133, дел од одделенијата постојано се пренаменуваат за пациентите со Ковид-19.

-Во болницата се сместени и дел од медицинскиот персонал кој се зарази со вирусот. Најголемиот товар паѓа на медицинските сестри, кои тука буквално преспиваат. Позитивна е главната сестра од интерното одделение, хоспитализирана е главната сестра од гастро со тешка клиничка слика. Има позитивни на корона вирусот од интензивната нега, а таму се сместени пациенти со кардиоваскуларни заболувања. Тие пациенти сега се пренесени на неврологија, секој ден нешто се менува. Навистина е општ хаос, преморени сме веќе, велат за Фактор дел од револтираните вработени во ГОБ „8 Септември“, тријажниот центар за корона вирусот во Скопје.

Појаснуваат дека невозможна е состојбата и за оние пак кои работат во пералната. Велат дека се неадекватно заштитетни, а секодјневно доаѓаат во контакт со постелнината, навлаките од перниците, болничката облека од пациентите кои се хоспитализирани.

-Тие луѓе се борат за капи, за ракавици, за маски за дизентал. Не се соодветно заштитетни за ризикот со кој се соочуваат. Не се облечени во скафандери. И покрја тоа што на пример, на списокот за требување стои бројка од 100 скафандери, од интерната аптека на ГОБ „8 Септември“ ни даваат само 20, речено им е да штедат. Знаеме дека е криза, но ако вака се продолжи, сите вработени ќе се испозаразиме, велат нашите соговорници.

Детали на Фактор.мк