Без тебе мојот живот би бил празен и бесмислен: Елена Ристеска со емотивна порака за роденденот на сестра си

Пејачката Елена Ристеска која неодамна го прослави својот роденден во карантин, овојпат со искрена и емотивна честитка ѝ го честиташе роденденот на својата сестра Драгица Ристеска - Димитровска.

- Среќен роденден моја сестро. Фала ти што постоиш, што си најдобра сестра, најдобар пријател, најдобар учител, најдобар пример, најголема поддршка, „кловнот“ во фамилија, најпосветена мајка, сетрта и ќерла... и толку многу работи што не се опишуваат со збророви. Му благодарам на Бога секој ден за тоа што ми ја даде најдобрата сестра и најдобриот пријател во една личност. Ако не беше ти, твојата крестивност, чувството за есетика и дизајн, јас не би успеала со „ЕРA“, а ни со музиката. Без тебе мојот живот би бил празен и бесмислен. ТЕ САКАМ- напиша пејачката под колажот фотографии со сестра си.

Елена многупати досега има истакнато дека ќерката на сестра ѝ, внуката Делфина ѝ е омиленото суштество на светот.