Безвременскиот елегантен стил на Моника Белучи: Модна лекција за секоја жена над 50 години
Актерката со опојна убавина го донесе својот стил
до совршенство комбинирајќи го минимализмот и елеганцијата на најдобар можен
начин.
Моника Белучи не експериментира и не следи трендови,
кои, ќе се согласите, не би и одговарале на нејзиниот карактер и видот на убавината
што ја поседува.
Она што е навистина вредно е елеганцијата, која
зрачи со женственост, стил, избалансирани и мирни бои и прилично едноставни
модели. Да, едноставно, но во никој случај не и „здодевно“. Секоја комбинација
што ја носи позната актерка, без разлика дали станува збор за костум или свечен
фустан, содржи „пресврт“ и додаток кои совршено се надополнуваат и што прават
да изгледа беспрекорно, а истовремено и ненаметлива, одмерена и женствена.
Монохроматскиот стил што го преферира, како и оделата во комбинација со секси корсети и високи потпетици - едноставно примамуваат воздишки на прв поглед. И, фустаните на оваа дива се синоним за „помалку е повеќе“ и колку личниот стил и едноставноста се неразделно поврзани.
Секако, не смееме да го заборавиме секогаш
совршено усогласениот додаток - чанти, чевли, накит и очила за сонце, кои се
внимателно избрани за секој стајлинг нејзин стајлинг.
Едноставна и без многу врева - Моника Белучи е дама со стил, во вистинска смисла на зборот!
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве инбтересира:
Имаат над 50 години: Доминација на најмодерните жени на денешницата