Биба Додева: Имало дојава за бомба, мислев за мене зборуваат

Биба Додева последниве години ретко настапува, повеќе е посветена на активностите со здружението „Борка“, чиј претседател е.

Сношти беше фантастична на концерот посветен на Фреди Меркјури во Филхармонија, а нејзиниот позитивен дух ја насмеа и ја развесели публиката. 

„Слушнав, имало дојава на бомба, и веднаш помислив дека на мене се мисли. Кога ќе станеш млада баба, сите за тебе зборуваат дека си бомба“, рече Биба смеејќи се, а ги насмеа и присутните пред да настапи. 

Пред концерот на пијанистот Бобан Мирковски и пријателите посветен  на Фреди Меркјури, имаше дојава за наводна бомба во МНТ кој е во близина на Филхармонија, откако едно лице се јавило во билетарницата на театарот. Улиците беа блокирани, и имаше големи шанси концертот да не се одржи. 

Биба стана баба во јули во 2017 година, кога ќерка ѝ Емануела го роди внукот  Александар. За пејачката тогаш медиумите пишуваа дека треба да се кандидира за најмладата баба на светот. Биба, која сега има 46 години, тогаш имаше 42 години. 


М.Џ.

Фото: В. Тануровски