БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ ОД ДЕНЕСКА ПА ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА - пороен дожд, грмежи и засилен ветер се најновите прогнози

Од денес, па се до крајот на оваа седмица бидете крајно внимателни, и тоа поради очекуваната нестабилност на повеќе места низ Македонија, прогнозира метеорологот Славчо Поповски. 

Таа ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на поизразено невреме, проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Повеќе на Фактор.мк


Фото: Unsplash