Бидете мудри, наместо паметни: Да се биде секогаш во право е најголемата глупост

Многу жени големината на мозокот ја сметаат за свој главен адут. Сепак, да се биде паметна и да се биде секогаш во право, е најголемата глупост во животот на секоја жена. Се сеќавам дека порано, секогаш настојував да докажам дека сум во право. Сопруга, мајка, пријателка. Посебно се обидувам да му докажам на сопругот дека не е во право. Моето его, растеше постојано. Јас бев најпаметна и секогаш во право. Но, тоа не ме однесе до ништо добро. Дојдовме до граница за развод, иако и тоа не ме освестуваше дека ќе ја плата цената за мојот ум. Токму моите забелешки и поправки, односно мојата желба се да оспорувам, докажувам и да го менувам сопругот, го уништија нашиот однос. Конечно сфатив дека да бидам паметна и секогаш во право е најголемата глупост во мојот живот. Заради тоа уништив многу работи. Сопругот повремено ми укажуваше на тоа. Што да правам? Да бидам најпаметна и понатаму или да станам мудра, беше дилемата пред која се исправив. Се одлучив за втората опција. Да се биде паметна е добро. Но, уште подобро е да бидеш мудра. 

 Еве ги 8 животни ситуации во кои паметната жена се разликува од мудрата: 

 1. Кога сопругот греши

Паметната жена го дига носот. И постојано го потсетува дека го предупредувала често. Мудрата жена го поддржувам охрабрува, понекогаш се прави дека не забележува ништо.  

2. Во кризни мигови 

 Паметната жена во кризна состојба, ги фаќа уздите и го учи сопругот да живее правилно. Мудрата жена суптилно му го покажува правецот и го поддржува од таму да помине. 

 3. Кога треба детето да учи 

Паметната жена ќе учи математика, без оглед на сѐ. Мудрата жена гледа личност во детето 

4. На работа 

Паметната жена на работа ќе се обидува да биде подобра од другите, да не прави грешки. Притоа голем дел од колегите кон неа ќе се однесуваат внимателно. Мудрата жена на работното место ќе креира атмосфера полна со љубов и топлина 

5. Во настојувањата за совети

Паметната жена ќе се меша во животот на своите деца, ќе им дава совети кои не ги бараат, постојано ќе ги убедува како треба да ги направат работи најдобро. Мудрата жена ќе дозволи децата да добија свое животно искуство и ќе ги поддржи во секоја ситуација.

6. Во релација со свекрвата 

Паметната жена ќе се бори со влијанието на свекрвата, ќе се бори да ја воспостави својата независност од родителите, ќе се кара со нив заради нивните совети Мудрата жена ќе научи да се смешка, да слуша молчешкум. И ќе прави по свое. Со љубов.

7. Кога ќе сака да го смени светот 

Паметната жена сака да го смени целиот свет, да ги исправи луѓето кои ја окружуваат Мудрата жена ќе почне да се менува себеси. Другите ќе ги прифати такви какви се.

8. Мислење за среќата 

Паметната жена мисли дека е среќен оној кој е во право Мудрата жена знае дека е во право, оној кој е среќен