БИЈОНСЕ СО РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ: Која е целта?

Добивај вести на Viber

Пејачката  Бијонсе направи радикални промени во нејзиниот животен стил во однос на начинот на исхрана.

Таа почна да се подготвува за овогодинешното издание на престижниот фестивал Coachella, па покрај секојдневните тренинзи, одлучи да се префрли и на веганска исхрана, а во тоа ги повикува да ја следат и нејзините фанови.

Со фотографија на Инстаграм со која го најави своето префрлање на веганска храна, таа откри дека ќе посвети дополнително внимание на својот изглед. Освен што здраво и правилно се храни, Бијонсе и секојдневно тренира, а тие тренинзи дополнително ги интензивираше после второто породување.

„Време е за веганска исхрана! Кликнете на линкот од мојата биографија за да ми се придружите“- напиша Бијонсе на Инстаграм. 

Пејачката сподели „планер“ за исхрана кој можат да го користат сите кои сакаат да ја следат во нејзината промена на исхраната.

Бијонсе лани не можеше да настапи на Coachella поради бременоста. Тогаш ја замени Лејди Гага, а Бијонсе вети дека ќе се врати на фестивалот годинава.