Биљана Спасовска: За нова година им посакувам на колегите да се радуваат на покачувањето на платите
Биљана Спасовска како медицинска
сестра на Клиниката за дигестивна хирургија работи 5 години. Таа
раскажува за условите за работа, за колегите, односот кон пациентите и за новогодишните желби за колегите и за граѓаните.
* Колку време работите во Клиниката за дигестивна хирургија?
- Во Клиниката за дигестивна хирургија сум вработена како медицинска сестра од 2014 година и според тоа можам да кажам дека последниве 2 години работите многу се променети во однос на порано.
* Какви се условите за работа во Клиниката за дигестивна хирургија?
- Денес, благодарение на новитетите кои се направени во Клиничкиот оддел за дигестивна хирургија имаме далеку подобри услови за работа. Сега, за разлика од порано е зголемен бројот на здравствени работници, со што и работата ни е значително олеснета. Клиниката е реновирана- болничките и работните соби се комплетно обновени, ходниците, приемните пунктови, шкафчињата, ѕидовите се комплетно свежо бојадисани, но и канцелариите. Хигиената, исто така, во клиниката е многу подобрена, со тоа што тоалетите и бањите се обновени. Кога ќе ја направам споредбата со како било претходно, може со сигурност да ја споредам Клиниката со некои од странските болници.
* Каков е професионалниот однос помеѓу вработените но и со пациентите?
- Со самото тоа што ни се подобрени условите за работа и што на смена имаме поголем број здравствени работници на располагање, работиме тимски и тензијата е намалена, па така функционираме многу подобро. Си ги делиме работните задачи со што се намалува стресот, а работата станува значително поефикасна. Со таквиот однос и пациентите се позадоволни, па се рефлектира со позитивни и пофални зборови.
* Што би им порачала на колегите со кои ја делите истата професија за нова година?
- Би им посакала убави и удобни претстојни празници кои ќе ги поминат со своите сакани каде и да се во тој период. Им посакувам да се радуваат на покачувањето на платите и да веруваат во своите професии, кои денес, благодарение на реформите во областа на медицината се многу повеќе вреднувани во нашата држава за разлика од порано. А на сите граѓани им посакувам среќни семејни моменти и што помалку посети на доктор.