Биполарно пореметување, злоставувана, наследничка на Мерилин Монро: Денес уништена од ботокс

Ким Новак е позната по улогата во трилерот на Алфред Хичкок „Вертиго“, а во книгата „Ким Новак: нејзината уметност и живот“, која неодамна ја објави, зборуваше за борбата против биполарното растројство.

Ким Новак (88) е една од најголемите филмски sвезди во 50-тите години и го носеше ласкавиот наслов на наследничка на Мерилин Монро, и објави книга во која зборуваше за сексуално злоставување и нејзината болест.

Таа беше позната како една од трите русокоси на Хичкок. Другите две беа Ева Мари Сент и Типи Хедрен.

Таа беше секс симбол и глумеше со многу познати актери меѓу кои Џејмс Стјуарт, Кирк Даглас, Џек Лемон, Елизабет Тејлор и Дин Мартин.

Ким Новак, која ја уништи својата убавина со пластична хирургија, зборуваше во книгата и тоа како била жртва на сексуално злоставување, но откри и дека се бори со биполарно растројство.

"Јас ја наследив болеста од татко ми, а силувањето што го преживеав само ги зголеми страдањата. Се чувствував поделена долго време, но мислев дека сум таква, дека не може да се поправи. Се до дијагностцирањето кон крајот на 70-тите години. Сфатив дека не сум единствената зошто еден ден бев крајно возбудена, додека следниот ден не можев да се смирам од тага. Тешко ми беше затоа што не знам дека имав биполарно растројство, не ни знаев што е тоа и верувајте ми, биполарноста воопшто не е лесна. Кога имаш луѓе околу тебе кои веруваат во тебе, тогаш е совршено затоа што мислиш дека можеш се. Но, јас бев претежно опкружена со луѓе кои не веруваа во мене. Првиот од нив беше татко ми. Тој сметаше дека не вредам и често ми го велеше тоа, а потоа сфатив дека е ментално болен, скоро секогаш во депресивно расположение, затоа не можам да го обвинувам за таквото однесување, но многу ме боли што дури и оние што ми се најблиски не веруваат во мене. Со секој негативен коментар би била се повеќе сомнителена и во себе и биполаритет ме вовлече во депресија “, напиша Ким.

Ким одлучи да се повлече од Холивуд во 1991 година по снимањето на филмот „Либестрам“.

"Не ми недостасува глума толку многу колку што понекогаш се чувствувам виновна што ја пропуштив можноста да добијам подобри улоги како позната актерка. Знам дека звучи чудно, но некако се чувствувам како да му должам на светот, дека не покажав се што знам “, се пожали Ким.

Таа пронајде среќа во сликањето и започна јавно да зборува за биполарно растројство, со цел да го сврти вниманието на таа болест.

Актерката имаше бројни пластични операции поради кои беше исмејувана од Доналд Трамп во 2014 година за време на Оскарите. Потоа напиша дека актерката треба да го тужи својот пластичен хирург. Потоа се придружија и други, забележувајќи дека нејзиното лице изгледа неприродно.

"Нема да негирам дека користев ботокси и филери за лице. Според мое мислење, човекот има право да изгледа најдобро и јас се чувствувам подобро кога изгледам добро. Мислев дека можеби Холивуд е подготвен да ме прифати сега, но јас не бев подготвена за толку многу негативни реакции и тоа ме скрши. Повеќе нема да се воздржам и да ги пуштам оние насилници да зборуваат против мене. Не можеме да им дозволиме на луѓето да влијаат на нашите животи. Не сум ја напуштила куќата со денови.“, напиша таа.

Актерката има два брака зад себе. Во шеесеттите години, таа беше омажена за Ричард Џонсон, која траеше само една година. Таа беше во брак со Роберт Малој од 1976 година до ноември 2020 година, кога тој почина.

Извор: Супер жена