Бисера е борец: Ова се тешки моменти, но со Господ напред ќе се бориме со неа

Александра Алексоска, мајката на малиот борец Бисера, сподели конечно позитивна вест, девојчето скоро три недели престојува во Клиниката Жан Митрев и стигнала до 4000 гр.

Мајката, се заблагодари на сите кои успешно спроведоа акции за донации, за може да се отпочне со лекувањето.

„ Добра ви вечер, добри луѓе! Еве помина месец дена откако Бисерче ја немаме видено и скоро три недели откако престојува во Клиниката Жан Митрев. Денес мама и Бисера се споија. Денес поради вашата добра душа и човечност Бисерче стигна до 4000гр, а беше примена со 3330гр. Дишењето и е доста подобрено, но сеуште се бориме со бактериите.. Бидејќи се работи за лекување, добри резултати веднаш не можеме да добиеме, но Бисерче е борец така да со господ напред и ваша помош ќе се бориме заедно со неа. Тешки моменти за нас, тешки моменти за сите, од сѐ срце сме му благодарни на Sasha Milenkovski Antoniela Markoska Premcheski и Златка Вељаноски кои успешно го спроведоа акциите за донации, за да можеме ние да го отпочнеме тука лекувањето, нормално благодарност до сите што ни даваат поддршка, донираат и се тука за нас. Господ само знае колку ни значи. Нека дава здравје на сите..

Во МК сеуште нема отворено бројчиња за донации, одиме чекор по чекор бидејќи веќе имаме собрано средства за овој период. Како ќе се одвива лекувањето така ќе известуваме. Имајте пријатна вечер. Бисерче ви испраќа љубов на сите“, напиша Александра на својот профил на Фејсбук.