Бизарна смрт на млади родители: Им пресуди тегла со зимница од баба им

Тажно

Девојчето и нејзиниот брат биле пронајдени во станот три дена откако нивните родители починале од труење од кисели краставички.

Роднините на руската двојка Јакунун, Александар и Викторија, не можеле да ги добијат неколку дена на нивните телефони. Тие ја пропуштиле семејната средба и по неколку телефонски повици одговорила нивната петгодишна ќерка.

Девојчето рекло дека мајка ѝ и татко ѝ заспале и спиеле долго време, но и дека таткото ја сменил бојата. Таа цело време се грижела за својот брат кој има само 1 година.

Наталија, сестрата на Александар, за руските медиуми изјави дека веднаш по повикот отишла во нивниот стан.

- Кога го видов, паднав и почнав да врескам - рекла Наталија.


По пристигнувањето на полицијата и брзата помош, утврдено е дека причина за смртта е труење.

Неколку дена пред немилиот настан, Александар и Викторија добиле неколку тегли домашни кисели краставички од неговата баба. Ботулинскиот токсин од краставицата се сомневаат дека бил причина за смртта. Тоа предизвикува парализа и, во најлош случај, респираторна слабост.

Соседот Микаил Комченко и рекол на полицијата дека алкохолот не е причина за труењето затоа што парот не го консумирал.

Таткото на Александар во моментов се грижи за момчето и девојчето.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Мајката на Дражен Петровиќ: Таа е монструм, а несреќата ѝ го уништи животот на Хилал