Благодарна сум што имав можност да бидам покрај тебе и да учам од тебе: Јована Хисмајер за пријателството со Исидора Бјелица

Сличната енергија и размислувањата за животот ги споија познатата српска писателка и драматург Исидора Бјелица и Јована Хисмајер, тренер за личен развој на познати светски ѕвезди. Јована и Исидора заеднички ја напишаа книгата  „Помагајте, пријателки“, која стана регионален хит. Во книгата, поентата на писателското дуо е дека најдобрата терапија за секоја жена е дуалната. „Најголемите проблеми се решаваат со пријателка, на кафе, нема потреба од скапи третмани кај психотерапевти“, велат двете. 
Јована Хисмејер има интересна биографија, патот и се вкрстува со Исидора Бјелица со која вели дека веднаш се нашле на иста фреквенција. Инаку Јована е мажена за австриецот Матијаш Хисмаер кој е со благородничко потекло, родители се на близнаците Хелена и Магнус кои имаат 11 години

Во интервју за Женски магазин, Јована, уште при издавањето на книгата, зборуваше пофално и со восхит за сега покојната Исидора Бјелица, споредувајќи ја со нејзината мајка. 
Па затоа Јована многу тешко ја прифати веста за смртта на Бјелица, а тоа го искажа преку зборови кои јавно и ги посвети.
Нејзиниот статус во го пренесуваме во целост: 

„Драгa моja Иси,

 Сè уште ми е во мислите нашата последна средба каде легнувам покрај тебе на креветот со твојата мала рака во мојата. Отсекогаш со воодушевување сум ги гледала твоите мали раце и мали парстиња и се прашував од каде толку многу сила во толку кревка жена? Сета своја сила и добрина е во твојата душа. Убавината на твоето битие е неограничена, немерлива. Благодарна сум што имав можност да бидам покрај тебе и да учам од тебе.

Ме поддржуваше кога другите не ме поддржуваа, ми даваше утеха кога мислев дека ја нема. Сакам да помислам дека некогаш и јас сум ги заштитила тебе и твојата детска отвореност и ранливост. Сепак, човековите неправди кои и ти и твоето семејство ги искусивте одново и идново, оставаат лузни засекогаш, дури и на животот кој продолжува во друга димензија. Сите неправди и повреди остануваат забележани, не како предупредувања, туку како примери какви не треба да бидеме.

Само ти знаеш колку беше тешко.

Честопати размислувам за тоа колку им помогна на луѓето преку книги и работилници и колку несебично ја делеше секоја решена загатка, секое ново решение на животниот ребус. Никогаш никој не можеше да ја оспорува таа љубов кон луѓето.

Се сеќавам на сите оние денови кога разговаравме и си пишувавме и го спасувавме светот и нас од светот... Никогаш не сум запознала некој кој со својот личен пример бил толкава поддршка и мотивација за илјадници и илјадници други луѓе. Добрината на твојата душа е бесконечна во вечноста.

Уште нешто сум сигурна... дека ништо не може да исчезне, само ја менува својата форма. Така ќе останеш мој пријател засекогаш. Тоа не може да се смени. Тенките нишки што не поврзуваат се нераскинливи.

Сега си ангел во училиште за ангели. Како во твојата книга. Овој пат, си тука како учител, а не како студент, затоа што твоето училиште на земјата честопати беше премногу тешко и исцрпувачко.

Знам дека срцето ќе се скршеше ако не беше ти во моето срце и дел од него засекогаш.

Сигурна сум дека ме чекаш за да можеме да продолжиме таму каде што застанавме, на некое подобро место во бескрајот. Дотогаш, ќе се обидам да го правам она што го започнавме заедно - позитивно да влијаеме на другите жени да се грижат за себе и своите емоции.

Најмила пријателке, патувај со ангелите.
Вечна ти слава и фала ти моја Иси, те сака твојата Jо 
Амин“

Овде прочитајте го интервјуто на Женски магазин со Јована Хисмајер - тренер за личен развој, за нејзиниот живот и пријателството со Исидора Бјелица.

-In Memoriam, интервју со Исидора Бјелица за Женски Магазин: Мое е да станам, останатото е на Господ

-Потресна колумна на Небојша Пајкиќ за Исидора: Мојата жена е девојка која верува во чуда