Благоја Грујовски и Татјана повторно заедно
Хуманитарниот настан „Игри без маска, театар без дискриминација“ сними химна во пресрет на својот петти роденден. Снимањето повторно ги спои поранешните брачни партнери, ТВ презентерката Татјана Стојановска и музичарот Благоја Грујовски. На една од фотографиите од создавањето на песната се и Татјана и Благоја кои се разведоа пред неполни дванаесет години.
Благоја Грујовски се фотографираше со две поранешни Мис, Ирена Спировска и неговата поранешна сопруга Татјана Стојановска
Медиумите на почетокот од 2007 година пишуваа дека Грујовски спогодбено решиле да го завршат бракот, по десет години.
Хуманитарната химна, освен Татјана и Благоја ја пееја многу наши познати личности, актери пејачи, водители... Тања Кочовска, Адријана Алачки, Зоран Џорлев, неговиот внук, пејачот Огнен Здравковски, Дејан Лилиќ, Бени Шаќири, Дарио, Ристо Самарџиев, Ирена Спировска, пејачот Боби Спасенцовски, музичарот Игор Митковски.
На настанот, кој секоја година го организира невладината организација „Свет на различни а еднакви“ и менаџерката Гордана Детла, дел од улогите на тетарската сцена играат и лица со попреченост.
"Игри,танци правиме, јубилеј си славиме, љубовта ја шириме,светот да го смириме“, се дел од стиховите на химната.