Блејк Лајвли во прекрасен фустан докажа дека е БОЖИЦА НА МОДАТА: По скандалите, многумина не ја поднесуваат, но дури ни тие не можат да ѝ ја простат убавината

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс блеснаа на црвениот тепих на премиерата на нејзиниот најнов филм „Another Simple Favor“, што се одржа во вчеравечер. Актерката им се придружи на режисерот на филмот Пол Фиго и колешката Ана Кендрик, а целата атмосфера зрачеше со емоции и елеганција.
Иако парот моментално е во центарот на спорна правна битка со режисерот Џастин Балдони, со кого Блејк Лајвли соработуваше на адаптацијата на романот „It Ends With Us“, тоа не ги спречи да зрачат љубов и оптимизам, и приватно и професионално.
Блејк долго време се смета за модна божица, а ниту овој пат не разочара. Таа блескаше во син фустан кој ја истакнуваше нејзината совршена фигура. Горниот дел од фустанот е составен од ленти кои формираат корсет, а долниот дел се спушта надолу и продолжува во романтична должина.
Фустанот е импресивен сам по себе, а Блејк совршено го дополни со неколку едноставни детали, како што се нараквици, обетки, прстени и сребрени потпетици.
Кога станува збор за фризурата, таа ја остави долгата руса коса да се витка во природни бранови, што совршено се вклопуваше со бајковитата облека, а самата шминка беше едноставна, ненаметлива и само ја нагласуваше нејзината природна убавина.
Рајан носеше сиво одело, а двојката беше расположена како и секогаш, разменувајќи си нежности.
Инаку, Блејк веќе некое време е мета на јавноста поради спорот со Џастин Балдони, со кого глумеше во филмот „It Ends With Us“. Токму ова ги подели фановите, а многумина негативно ги коментираат нејзините јавни настапи.
„Немам ништо убаво да кажам за неа, па ќе се одјавам за вечерва“, „Кажувајте што сакате за неа, но таа изгледа прекрасно во тој фустан“, „Имам чувство дека се труди премногу“, „Таа беше „откажана“, но сега не е“, „За жал, никој не ја сака Fake Lively доволно за да ја гледа, на штета на целата друга екипа и глумци. Веројатно затоа филмот веднаш заврши на Prime. Ана, те сакаме, но ќе морам да го гледам твојот следен филм“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи.
Сепак, без оглед на негативните коментари, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс имаа низа јавни настапи во изминатите неколку дена, прво на 25 и 26 април го бодреа фудбалскиот тим на Рејнолдс, Рексам, каде што нежниот бакнеж на Рајан на челото на Блејк ја разнесе публиката, а потоа присуствуваа и на гала вечерата на „Тајм100“, каде што Лајвли суптилно алудираше на својата тешка правна битка со емотивен говор.
„Вечерва сакам да зборувам за моќта на женскиот глас“, истакна Блејк. „Денес можам да зборувам благодарение на храброста и борбата на многуте жени кои го отворија патот, како и на мажите кои застанаа покрај нив.“
Таа особено ѝ се заблагодари на мајка си, Елејн, која беше со неа таа вечер.
„Мајка ми, вечниот оптимист, секогаш ми велеше дека „животот е само чинија цреши“. Но, зад нејзината насмевка стои приказна за неопислива болка, таа ги преживеала најлошите злосторства што некој може да ги изврши врз жена. Цел живот ја гледав како го носи товарот на незаслужениот срам. Денес, кога имам можност да ја споделам нејзината приказна, знам дека ако именуваме нешто, можеме да го промениме“, рече Лајвли низ солзи, пренесува „People“.
Фото: ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs