Боб фризурата е крал, но оваа ќе му го здрма тронот: Ја обожува најубавата жена во светот, а е поинаква и премоќна

Во морето од современи фризури и брзи трендови, оваа фризура на големо се враќа.
Овој безвременски стил, кој зрачи со женственост, елеганција и природен шарм, повторно е во центарот на вниманието на сцената на модата и убавината.
Раскошна, густа, долга до половината, нежно брановидна, со природен сјај што ги доловува последните сончеви зраци. Оваа фризура не е само естетски импресивна, туку носи и допир на романтика, автентичност и слобода.
Една од најубавите жени на денешницата, според еминентниот People, Деми Мур, се најде на насловната страница на истоименото списание и гордо ја покажа својата долга брановидна коса на црвениот тепих, потврдувајќи дека и овој стил е многу модерен.
Иако бобот сè уште се смета за еден од најпопуларните избори за фризура, долгата коса сега зазема еднаков трон - особено кога е негувана, природна и полна со живот.
Овој изглед бара посветеност, но наградата е косата која ве остава без здив. Трендот се повеќе се врти кон природноста, а оваа фризура одлично ја илустрира таа филозофија: помалку стил, повеќе автентичност.
За сите жени кои сакаат да ја истакнат својата убавина на ненаметлив, но моќен начин - долгата брановидна коса е хит.
Да ве потсетиме дека токму за да ја постигнете оваа долга коса треба почесто да одите на фризер за поредовно да ги скратите врвовите и да го поттикнете растот на косата.