Бог да ни подареше и деца: Приказната на Бранка Соврлиќ е срцепарателна

Бранка Соврлиќ важи за една од најдобрите пејачки на народната музика. Препознатлива е по песните „Лидо, лидо, Лидија“, „А тебе те нема“, „Јас можам да живеам без тебе“ со кои ја освои Југославија.

Бранка го сними својот прв сингл во 1979 година. Настапувала на бројни фестивали, како што се „МЕСАМ“, „Хит парада“ и други, каде што честопати освојуваше големи награди.


Редакцијата на еден српски портал ги поседува сликите на пејачката од нејзините помлади денови и можеме да забележиме дека таа пленела со нејзината убавина уште од тинејџерските денови.

Сепак, тоа не е единствената слика од Бранка, наидовме и на фотографија од пејачката кога веќе беше возрасна и подготвена да го освои целиот Балкан со својот глас и изглед. Извајаното тело е нагласено во мини здолниште, а русата и долга коса беше нејзин заштитен знак и тогаш и сега.

Да потсетиме, пејачката Бранка Соврлиќ неодамна ја отвори душата и рече дека ќе умре од мака што не родила барем едно дете.


- Паја, односно Садик Пашиќ, мојот сопруг и јас стекнавме многу. Без лажна скромност, ние сме милионери, но би сакала да имам многу помалку, и Бог, односно некоја повисока моќ, судбина, да ни даде деца, односно барем едно дете. Вака некој би рекол сè залудно. Едноставно, не ни се даде да станеме родители во совршен брак со многу љубов и почит. Бог како да не стори сé - искрена е таа.


Извор/Фото: ало.рс/ printscreen