Бог на небото – кум на земјата: Која ѕвезда Кети Пери ја избра за кума на своето дете?

Поп ѕвездата Кети Пери ја избрла холивудската актерка Џенифер Анистон за кума на своето неродено дете, соопшти електронското издание на Контактмјузик.

Пејачката која има 35 години го очекува своето прво дете со актерот Орландо Блум. Според Контактмјузик, поп ѕвездата веќе ја прашала Анистон дали сака таа да биде кума на нејзиното дете.

„ Кети и Џен се многу блиски. За време на ограниченото движење тие двете редовно одеа заедно на прошетки и поминуваа многу време заедно“, раскажала нивна заедничка пријателка, која за списанието Контактмјузик сакала да остане анонимна.

Анистон е кума и на Коко, шеснаесет годишната ќерка на Кортни Кокс, актерката со која заедно глумеа во култната серија „Пријатели“.

Неодмана, Кети Пери откри дека сеуште нероденото дете си го вика „Кики Пери“. Пејачката, исто така изјави дека е спокојна бидејќи нејзиниот вереник Орландо Блум е искусен како татко. Тој и неговата бивша сопруга Миранда Кер имаат деветгодишен син, Флин.

Фото: Getty

Носете ги проклетите маски: Шест милиони лајкови за бесната Џенифер Анистон 

Кети Пери и Орландо Блум сакаат бебето само да го избере своето име