Богата баклава со ореви: Оригинален рецепт од Босна
Подгответе го популарниот десерт на овој начин и тој буквално ќе се топи во уста, а гостите ќе ви побараат парче повеќе...
Нема некој кој не сака баклава!
Ја сакаат и децата и возрасните, лесно се подготвува, може со денови да седи во фрижидер, без да се расипе... Има многу причини зошто да направите баклава.
Доколку не сте сигурни по кој рецепт да се водите, еве ви го оригиналниот, кој доаѓа од срцето на Босна, каде трпезите за празниците, но и обичните денови не можат да се замислат без овој десерт.
Состојки: 1 килограм кори за баклава, 900 грама мелени ореви, 100 грама крупно сецкани ореви, 150 грама шеќер, 250 грама путер и 100 милилитри масло.
За шербет: 1 килограм шеќер, вода и лимон.
Подготовка: Подгответе го шербетот - шеќерот истурете го во тенџере и прелијте го со вода (водата да биде два прсти над шеќерот). Варете околу 20 минути на силен оган, може и помалку, бидејќи шербетот не смее да биде премногу густ. Густината треба да биде помеѓу сируп и вода. Во преливот додадете го лимонот исецкан на кругови. Оставете го да отстои, бидејќи шербетот мора да биде добро изладен пред да се прелие баклавата со него.
Исечете ги корити според тепсијата во која ќе ја печете баклавата. Растопете го путерот на тивок оган, внимавајте да не ја промени бојата и измешајте го со маслото. Во тепсијата најпрво ставете три кори кои ќе ги премачката со путер и масло (нека оваа смеса биде топла, тоа ќе и даде крцкавост на кората), на првите три кори ставете ги сите сецкани ореви. Врз нив ставете две кори, па намачкајте ги со смесата од путер и масло (смесата може да ја ставате и на секоја кора), па посипете од мелените ореви, кои претходно сте ги измешале со 150 грама шеќер. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот.
На крајот, баклавата прекријте ја со три кори и така што секоја, по ставањето, ќе ја премачкате со путер, освен последната. Пред сечењето, притиснете ја баклавата со дланките и израмнете ја. Балкавата потоа сечете ја во облик на дијамант.
Ставете ја во рерна, најпрво десетина минути на 190 степени, додека не добие светло кафена боја, а потоа уште 45 минути на 150 степени. Доколку ви изгледа дека ќе биде премногу темна, покријте ја алуминиуска фолија и продолжете да печете.
Проверете дали е печена, така што со вилушка ќе ја поткренете и ќе проверите дали дното е испечено. Топлата блаклава прелијте ја со ладниот шербет и притиснете ја со тепсијата за корите да се израмнат. Баклавата не би требало да биде притисната повеќе од десет минути. Највкусна е откако ќе отстои ден или два, на ладно место.
Како што може да видите, во овој рецепт главната состојка се оревите, затоа треба да се потрудите да користите квалитетни јатки. „Нутини“ го гарантира квалитетот, затоа кога ќе одите по продукти за овој десерт, на полиците во продавниците побарајте ги оревите „Нутини“.
фото: Profimedia