Болна и сурова вистина е дека кога човек ќе почине, сè се заборава: Турунџиева со емотивна порака за роденденот на прерано починатиот сопруг

Сузана Турунџиева е активна на социјалните мрежи и неретко споделува моменти од секојдневието со своите следбеници. Овој пат, водителката си ја отвори душата и за роденденот на прерано починатиот сопруг Марјан објави емотивна порака:

„Денес ќе прославевме 48...
Вообичаено на овој ден половина Скопје доаѓаше... Се собираше... Се пиеше, се јадеше, се наздравуваше...
Болна и сурова вистина е дека кога човек ќе почине, се‘ се заборава... Ги снемува пријателите, роднините, другарите... Со чест на малкумина, кои немаат кратко помнење...
Сакам да верувам дека таму, од другата страна не е се‘ толку сурово, минливо... Сакам да верувам дека во Бескрајот нема толку разочарување како тука...
Почивај во мир драг наш Марјан, сигурно денес околу тебе има полни софри и полни чаши'



Турунџиева е позната водителка, пејачка, писателка, професорка по музика, но и најголем поддржувач и пред се‘ пријател на Медената Атиџе, дамата која го освои светот со пчелите и со нејзината реченица: „Пола за мене, пола за пчелите“.

Сузана од бракот со Марјан ја има ќерката Матеа, која летово со мајка си заедно уживаше во Грција.

Таа е среќна баба со Јаков кој во март годинава наполни три години. Јаков е син на нејзината постара ќерка Лора и зетот Филип. 


Фото: Фејсбук - Сузана Турунџиева/Женски магазин - архива

Можеби ќе ве интересира:

ТАА Е...Сузана Турунџиева: Да кажам гласно НЕ кога е НЕ и да не бидам рамнодушна по ниедно прашање

Татко е оној што се грижи, а не оној што го создал детето: Искрено со Сузана Турунџиева