Бомба исповед на Џенифер Лопез: „Кога се разделивме со Бен, мислев дека ќе умрам“

Во ексклузивното интервју за Apple Music 1, Џенифер Лопез конечно откри како таа и Бен Афлек се заљубиле еден во друг пред речиси 20 години.

Славниот пар се забавуваше во 2002 година, а раскинаа во 2003 година непосредно пред нивната закажана венчавка. Тие ја обновија врската речиси две децении подоцна и се венчаа оваа година, двапати - во Лас Вегас, а потоа во Џорџија.

Џенифер неодамна ја шокираше јавноста кога ги избриша сите објави од Инстаграм, а потоа неколку дена подоцна на оваа социјална мрежа одбележа 20 години од албумот This Is Me.

Таа на крајно симболичен начин сакаше да пренесе дека и старата и новата Џенифер, вистинската Џенифер, е онаа до Бен Афлек.

Во интервјуто таа откри дека искрите меѓу нив почнале да летаат во 2001 година на снимањето на „Gigli“, а потоа работите станале посериозни во 2002 година додека ја снимале Jersey Girl.

„Мислам дека тоа се случи додека работевме заедно, станавме толку добри пријатели. Сфативме дека сме луди еден по друг. Размислував за него откако заврши снимањето. Морав да се грижам за мојата работа, излегував од друга врска во тоа време. Но како да знаев - тој е личноста со која сакам да бидам. И сѐ се случи во текот на неколку месеци, тоа не беше инстант работа затоа што не ни беше дозволено да го правиме тоа. Да, се се случи со текот на времето“, изјавила Џеј Ло, па додала дека големото јавно изложување ја уништило нивната врска.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)



„Се сакавме, беше тешко“, истакна таа и рече дека тоа е толку неправедно, но дека раскинувањето ги мотивирало на најчуден начин да се свртат на работа. И двајцата доживеаја голем успех.

Сепак, Џенифер го поднесе раскинувањето многу, многу тешко.

„Кога ја прекинавме венчавката пред 20 години, најмногу страдав во животот. Искрено, се чувствував како да умирам. Следните 18 години се вртев во кругови, бидејќи не можев се да прифатам како што треба.“

А потоа 20 години подоцна...

„Се случи среќен крај, крај што не можеше да се замисли во Холивуд. „Никогаш нема да се случи“. Нема да го напишеме тоа затоа што никој не би верувал“, додаде таа.

Таа рече дека сега таа и Бен знаат сè за нивната врска, нема повеќе прашања за тоа „каде води ова“.

„Не, јас и ти. Тоа е тоа. До крајот. Тоа е тоа. Тоа ќе бидеме ние“, нагласи таа и откри дека тие двајца штом повторно се зближиле, за миг сфатиле дека треба да бидат заедно, повторно.

„Не сакаме да губиме повеќе време“, рече Џеј Ло, која во една реченица го опиша Бен како нејзин најголем обожавател.

За време на интервјуто, Лo носеше капут од брендот LAPOINTE, цената на овој модел е 2.556 фунти.


Foto: jlo/apple / Instagram