Моден фокус // Трендови
Бомбастично деколте и шлиц кој мами воздишки: Џеј Ло ја истакна божествената убавина
Дали синоќешното 65. Греми награди во Лос Анџелес ги оправда очекувањата? Од моден аспект велиме едно големо ДА.
Ги следевме случувањата на црвениот тепих и на самото доделување, а ова се највпечатливите изданија од гала настанот.
Џенифер Лопез блесна во фустан на Гучи кој е совршена комбинација на виолетова и сребрена боја. Тулот го откри телото со истакнато деколте, а шлицот во повеќе наврати сериозно ги збуни погледите. И претходно носела слични модели. Совршено стилизираната Џеј Ло блесна на сцената и одамна не изгледала толку среќна во јавноста.
Пејачката ја врачи наградата за најдобар поп албум, која му припадна на Хари Стајлс. Модниот виртуоз се појави во оригинален комбинезон со разголени гради и привлечни бели чевли.