Бомбици со бадеми готови за 10 минути: Сигурно немате пробано повкусен десерт

Добивај вести на Viber

Вкусот ќе ве освои уште на првото залче...

Состојки: 

100 грама бадеми „Нутини“;

250 грама варено кондензирано млеко;

30 грама грчки јогурт;

100 грама путер;

350 грама бисквити.

Подготовка:

Вареното кондензирано млеко измешајте го со грчкиот јогурт и путерот, а потоа изматете со миксер. Бадемите и бисквитите смелете ги и додадете ги во смесата. Сето тоа убаво измешајте го. Направете топчиња, а потоа секое топче извалкајте го во мелени бадеми и оставете ги отстојат во фрижидер околу 2 часа. 

фото: Shutterstock