Босанка објави видео од породувањето: Искрен приказ за тоа како навистина изгледаат моментите кога детето доаѓа на свет

Вистински и најреален приказ досега за тоа како изгледаат моментите пред породување, за време, и после породувањето - оваа видео на еден сладок, емотивен начин ги доловува овие посебни момени во животот на една мајка првенствено, но и таткото и целото семејство.

Инфлуенсерка од Босна, Илда Хумиќ се породи во декември и го роди своето трето дете, синот Исак, а целото породување го забележа на камера нејзиниот сопруг, и подоцна го објавија на нејзиниот канал на Јутјуб.

View this post on Instagram

A post shared by Ilda Humic (@ilda_humic)


Илда (31) почнала да ги снима подготовките за породување во 39-та недела од бременоста, инфлуенсерката ги снимала и редовните контроли пред породувањето, како подготвува работи за болница, а на крајот со помош на сопругот и самото породување.

 

За само два дена нејзиното видео собра 150.000 прегледи, а многумина во коментарите признаа дека ова видео ги расплакало.

„Драга Илда, од срце ти честитам тебе и твоето семејство. Децата се богатство, а ти имаш прекрасно семејство. Ти посакувам се најдобро од се срце", „Ова видео ме расплака, па се смеев, плачев и пак се смеев“, „Сите ја следевме твојата бременост и сите едвај чекавме да се случи ова и да ни објавиш видео“, „Драга Илда, без претерување, исто како мојата ќерка да се породила, толку многу плачев, убаво и емотивно видео, се најдобро на целото твое семејство“, пишуваат следбениците во коментарите под видеото.

ВИДЕО:


Инаку, Илда е од Калесија, град во близина на Тузла, а своето вистинско семејно секојдневие го споделува како на Јутјуб, така и на Инстаграм со речиси 200.000 луѓе на хумористичен и забавен начин.

View this post on Instagram

A post shared by Ilda Humic (@ilda_humic)


View this post on Instagram

A post shared by Ilda Humic (@ilda_humic)


извор:zena.blic