Божиновски часовници и накит направи ексклузивна рачна изработка на наградата „Голема Ѕвезда“ за фестивалот „Браќа Манаки“
Тимот на „Божиновски часовници и накит“ ја имаше честа оваа година да ја изработи наградата Ѕвезда за јубилејното издание на фестивалот „Браќа Манаки“, награда која традиционално се доделува за особен придонес во македонската кинематографија од страна на на Друштвото на филмски работници на Македонија.
Од компанијата велат дека со неизмерна пасија и посветеност ќе продолжат да поддржуваат се што дава придонес во подигнување на визуелната култура во нашата земја.
Како една идеја и дизајн, може да се претвори во вистинско ремек-дело. Тоа беше предизвикот пред кој се исправи тимот на Божиновски часовници и накит, во процесот на креирање на наградата Ѕвезда за фестивалот Браќа Манаки.
Идејата беше да се создаде ѕвезда, но предизвикот беше како таа ѕвезда да блеска и да зрачи со уникатност.
“Тајната формула е во целосната рачна изработка и во нејзината неправилна геометриска форма, која има за цел ѕвездата да ја издвои од шаблонот исто онака како што ќе се издвојува и нејзиниот добитник.Ѕвездата е целосно изработена од бронза и позлатена со 24 каратно златно, блескајќи во ѕвезденото небо на сите исклучителни луѓе во македонската кинематографија. И сето тоа зачинето со многу љубов и посветеност со оглед на висината на задачата, а тоа е одбележувањето на 40 годишнината од фестивалот „Браќа Манаки“, открија од „Божиновски часовници и накит“ за тоа од каде ја црпеле инспирацијата при изработката на наградата.