Братот на Шерон Стоун почина од срцев удар на 57-годишна возраст: Трагедија по трагедија, не го преболи изгубениот син
Братот на Шерон Стоун, Патрик, почина вчера во Пенсилванија на 57-годишна возраст, пишува TMZ
Патрик починал од срцев удар, а претходно имал проблеми со срцето. Не се знае дали бил префрлен во болница или починал на лице место.
Трагедијата се случи речиси две години откако неговиот 11-месечен син Ривер почина од откажување на органите.
Шерон Стоун (64) сè уште не ја објавила тажната вест, а последен пат беше видена во јавноста минатата сабота во Беверли Хилс.
Сопругата на Патрик, Таша ја објави следнава порака на социјалните мрежи:
„Како срцето да ми е искорнато од градите. Патрик замина да биде со нашата мила Ривер. Не знам како поинаку да го кажам ова, тој беше мојот свет.
Не сум сигурна каков би требало да биде животот без маж ми и искрено не сакам да знам, но морам. Само се надевам дека секогаш ќе бидеш покрај мене и ќе ги чуваш Хантер, Кејли и мене.
Додека повторно не се сретнеме, вечно ќе те чувам тебе и нашите прекрасни (и некои не толку прекрасни, но подеднакво важни) спомени во моето срце и секогаш ќе се сеќавам на тоа. Те сакам душо.
Мојата желба е барем Ривер да го има својот татко и се надевам дека вие двајца сте среќни еден со друг“.
Шерон Стоун има и сестра Кели Стоун и брат Мајкл Стоун, кој е актер.
Извор: zena.blic.rs