Братската љубов е посилна од сè: Нежноста на постарото братче ќе ве растопи (ВИДЕО)

Двегодишниот Логан не разбирал што се случува кога мама и тато му рекле дека ќе има братче и дека наскоро ќе дојде дома.

Меѓутоа, кога го донеле бебето, Логан се „стопил“. Оттогаш, тој сака да го поминува секој момент во близина на малиот Лука.

Ова видео е направено пред неколку дена кога Лука има три месеци, а мама и тато Дан и Роуан велат дека така е секој ден.

Логан влегува во креветчето на Лука и прво ги покрива двајцата, а потоа го бакнува Лука за да спие подобро, го го гали по челото и конечно и двајцата заспиваат.