Бред има 3 години повеќе од Ѓоковиќ и Алкараз заедно, а изгледа како Аполон: Актерот е олицетворение на мажественост и убавина

Добивај вести на Viber

Откако познатиот актер Бред Пит се појави на трибините на Вимблдон за да го следи финалниот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, стана тема на денот кога се во прашање личности од светскиот шоубизнис. Мечот меѓу тенисерите го следеше со познатиот режисер Гај Ричи и уште еднаш воодушевисо неговиот изглед. Убав, убав, Бред Пит.

Во својата сега препознатлива мода, која е олицетворение на шик ноншалантност, Бред Пит пристигна на трибините на Вимблдон. Убав како што сме навикнати, но не само тоа. Има една интересна работа во неговата убавина. Дали знаевте дека познатиот актер има 59 години? Во превод, три години повеќе од Новак Ѓоковиќ (36) и Карлос Алказар (20) заедно.


Пресметката е јасна, а богами и фотографиите од Вимблдон кажуваат се‘. Не е без причина што Бред Пит пред неколку децении беше прогласен за најубав маж на јавната сцена. Од уште еден убав маж, тој стана вистински симбол на машката убавина и, секако, го потврди својот актерски талент.


Влијанието на неговата убавина може да се спореди со статусот на најубавите актери на стариот Холивуд, како Кери Грант и Пол Њуман.

А погледнете го сега, тој сепак освојува со својата убавина и е моќен доказ дека ни машката убавина не е ограничена со годините, туку дека со текот на времето може да станува се‘ поизразена.


Времето минува, но сега, како и досега, Бред Пит води на листите за најубави мажи во светот. Многу машка убавина, шарм, а пред се‘ талент се виде на тенискиот терен.


Фото: Твитер/Инстаграм/Youtube - screenhsoot