Бремената ќерка на Шабан Шаулиќ позитивна на коронавирус

Пејачката Илда Шаулиќ и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ очекуваат уште едно дете, ексклузивно дознава „Телеграф Џетсет“.

Имено, ќерката на пејачот кој загина во трагична несреќа, Шабан Шаулиќ откри дека е бремена и дека по четири години по втор пат ќе се оствари во најдобрата улога во животот.

Според изворот на медиумот, Илда е позитивна и на тестот за коронавирус, а тоа го открила неколку дена откако докторката потврдила дека е бремена.

- Илда немаше никакви симптоми, таа беше тестирана откако откри дека е бремена, за да биде смирена. Сепак, тестот беше позитивен и два дена подоцна ги доби првите симптоми. Таа го изгуби чувството за вкус и мирис, но немаше температура - вели изворот.

- Беше изолирана веднаш, а нејзиниот сопруг и ќерката Ема се негативни на вирусот. Илда треба да го повтори тестот деновиве. Таа се чувствува добро и не знае каде се зарази. Беше во студио, снимаше видео, правеше секојдневни работи ... Важно е дека се чувствува добро, а сè друго е помалку важно - додава соговорникот.