Бремената Луисана Лопилато полни 35 години: Ги покажа трите дечиња откако издоминира со сопругот на Билборд наградите
Актерката која ја запознавме како Миа Колучи во тин серијата „Млади бунтовници“, денес е мајка на три деца, а моментално е бремена со четвртото дете, кое го очекува со сопругот Мајкл Бубле.
Денес актерката полни 35 години, а по тој повод сподели фотка со трите дечиња кои ретко ги покажува на социјалните мрежи. Трите дечиња имаат руси коси како мајка им, а интересна е и тортатата на Лопилато, на која е претставено целото семејство со бебето кое го очекуваат во рацете на Луисана.
Пред само два дена пак, Луисана и Мајкл издоминираа на Билборд наградите, каде актерката го истакна трудничкото стомаче во прекрасна креација.
Пејачот Бубле и Луисана Лопилато, аргентинската актерка, се верија во 2009 година, а се венчаа две години подоцна во 2011 година.
Двојката која го очекува четвртото дете, се горди родители на Ноа (8), Елијас (6) и тригодишната Вида.
На најстариот син на двојката, Ноа, му беше дијагностициран рак на црниот дроб во 2016 година и е во ремисија од 2017 година.
Мајкл во интервју изјави дека живеат „многу подлабок живот сега“ по битката со ракот на нивниот син: „Не посакувам таква болка на ниту едно човечко суштество, навистина почувствував страв и загуба, тоа ви овозможува да живеете подлабок живот“.
Мајкл Бубле и Луисана Лопилато очекуваат четврто дете: Со трите деца во нов спот го покажа стомачето