Бременоста ја чуваа во тајност: Џастин Тимберлејк и Џесика Бил добија втор син

Џесика Бил го роди својот втор син, а ексклузивното е во тоа што никој не знаеше дека актерката е бремена пишува DailyMail.com.


Бил (38) и Тимберлејк (39) го добиле својот втор син минатата недела и се претпоставува дека се во домашен карантин во Биг Скај, Монтана, со нивниот 5-годишен син Силас.

DailyMail.com пренесува и дека мајката на Бил е со нив по породувањето.

Актерката не сподели никакви фотографии со цело тело на социјалните медиуми од нејзината роденденска забава уште во март. Со исклучок на тој пост, не се објавени никакви фотографии кои ја покажуваат Бил од половината надолу од нејзиниот роденден во март, кога таа би била бремена околу четири месеци.




Двојката првпат се запозна на почетокот на 2007 година, а се вери во 2011 година. Џесика и Џастин се венчаа на 19 октомври 2012 година.


Фото: mega и инстаграм

Познати личности кои ја жртвуваа својата кариера за да се посветат на семејството