Животна училница // Приказни
Брена доби луксузен подарок од Боба кој ќе го покаже во Скопје
- 20 Ноември, 2018
На концертот во Скопје кој ќе се одржи на 15 декември во ВИП Арената, Лепа Брена ќе настапи со специјален микрофон.
Српските медиуми пишуваат дека нејзиниот сопруг, поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ ја израдувал со нов микрофон вреден 30.000 евра. Станува збор за микрофон од марката „Senhaiser D900“ и освен Брена, го имаат уште вкупно девет пејачи на целиот свет.
Брена, со овој скапоцен подарок од сопругот им се пдридружи на Адел, Бијонсе, Тејлор Свифт, Ед Шеран, Дрејк, „Колдплеј“, Питбул и Бруно Марс како десетта пејачка на светот, пренесува Курир.рс. Брена била мнопгу среќна поради подарокот од сопругот.
Фото: Зоран Кузмановиќ- Муња, Инстаграм