Брижит Макрон и кралицата Ранија во битка за модниот трон: Фустани вредни цело богатство, а одлучи еден детаљ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Кралицата Ранија важи за една од најдобро облечените жени во светот, додека Брижит Макрон се држи до испробаните комбинации со кои нема грешка.

Јорданската кралица Ранија и нејзиниот сопруг кралот Абдула Втори ја посетија француската претседателска двојка Макрон во Елисејската палата.

Добро е познато дека овие две дами секогаш изгледаат совршено, а тоа е уште поизразено кога се заедно во јавност.

За да ја оправда титулата прва дама на Франција, Брижит Макрон, како и секогаш, се задржа на докажаните модни комбинации - фустан во А-крој во кој нејзината витка линија доаѓа до израз.

Многу модни познавачи ќе се сложат дека белата е дефинитивно нејзината боја, а таа ја обожава и затоа се труди да ја носи секогаш кога ќе ѝ се укаже прилика.

Елегантна беше и јорданската кралица Ранија, која ги шармираше сите присутни со ефектен син фустан, кој ја истакна нејзината витка половина и ѝ даде изглед на вистинска кралица.

 Брижит Макрон воодушеви во фустан со 3/4 ракави со бели риги и должина до колена. Совршениот крој на фустанот го истакнува нејзиното витко тело на кое ѝ позавидуваат многу многу помлади дами во светот на политиката. Како и многупати досега, така и оваа креација ја потпишува нејзиниот омилен бренд Луј Витон. 

Елегантниот фустан 69-годишната Французинка го заокружи со класични салонки во беж боја.

Кралицата Ранија долги години е позната како една од најдобро облечените жени на планетата, а уште еднаш докажа дека нејзиниот стил е неприкосновен. Овој пат таа го привлече вниманието во светло син фустан за кој платила цело богатство. 

За да биде поформално, оригиналниот шлиц во пределот на стомакот го прекри со ткаенина во иста боја, а позната како голем вљубеник во аксесоари, го искомбинира со специјална верзија на чантата By The Way Boston со потпис на италијанскиот бренд - Fendi.

Како и првата дама на Франција, свеченото издание го заокружи со класични чевли, чија бела верзија ја потпишува познатиот дизајнер на чевли Џими Чу.

Совршено, зарем не‘?


Фото: Профимедиа

Можеби ќе ве интересира:

Моден двобој: Зорица Заева во бело, Елизабета Ѓоргиевска во црно- Која има поубава креација?