Животна училница // Приказни
Бројот 8 има посебно значење за мене: Тамара за „Женски магазин“
- 17 Мај, 2019
Тамара Тодевска во утрешното евровизиско финале ќе настапи под редниот број осум. Ова ќе биде прво претставување на нашата земја во завршницата на европското музичко натпреварување по цели шест години и затоа еуфоријата, но и притисокот се уште поголеми.
- Верувам во нас и сум горда на сите нас. Бројот осум симболизира бесконечност, а тоа значи дека сум бесконечно среќна со целиот мој тим - ни изјави Тамара од Тел Авив.
Нашата претставничка синоќа ја имаше честа да ја отвори победничката прес-конференција по одржаната втора полуфинална вечер.
- Најдобриот момент е што пораката ја пренесовме на добар начин. Така што мојата работа ја завршив многу добро – изјави, меѓу другото, Тодевска пред присутните новинари.