Бројот на заболени од коронавирус во Македонија достигна 828 лица

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Ова информација ја сподели министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил.

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 68 пациенти со коронавирус. Исто такак, во зиминатите 24 часа се направени се 404 теста, а досега направени се вкупно 8.057 тестирања на коронавирус, напиша  првиот човек на здравството во земјава.