Брз рецепт : Компир со чадена сланина

Ова е уште еден брз рецепт за вкусен и богат ручек. Едноставно се подготвува а ви требаат многу малку состојки.

Потребно е: 

- Комипир

- 300 грама чадена сланина

- еден праз

- половина корен магдонос

- половина корен пашканат

- половина помал целер

-еден кромид

- три чешниња лук

- малку сув зачин

За прелевање:

- бело вино

- вода

- 80 милилитри масло

Подготовка:

Компирот исчистете го на кругови. Празот, морковот, коренот од магдоносот, пашканатот и целерот исечкајте ги на коцки. Кромидот исечете го на резниња, а лукот на половина. Во подлбаок сад ставете ја подготвената количина на зеленчук и сланина. Измешајте, па преместете ја смесата во подмачкана тава. Посипете со бибер и со сув зачин. Потоа јадењето прелејте го со масло. Измешајте ја истата количина на бело вино и вода, па прелејте преку компирот. Ставете ја смесата да се пече во рерна на 200 степени, додека не испари целата течност и додека компирот не добие румена боја.