Брз ручек за зафатени жени: Посна мусака со печурки

Ова е брз ручек за зафатени жени кои понекогаш имаат само половина час во денот да му се посветат на готвењето. Идеален е во време на велигденските пости. 

* Потребно е :

- 500 грама печурки

 -2 главици кромид

- две лажици масло

- две главици кромид

- две чешниња лук

-  десет парчиња леб

- една лажица сув зачин

- магдонос

- сол, црн пипер, оригано по желба

* Подготовка

- Исчистените печурки исечете ги на лифчиња. Лукот, кромидот и магдоносот ситно исечкајте ги. На загреано масло пржете го кромидот, па додадете ги печурките. Сѐ заедно динстајте, малку посолете, додадете црн  пипер, додадете го лукот, малку оригано, магдонос и зачин. Во намастен стаклен сад редете едно до друго пет парчиња леб кои претходно сте ги натопиле во малку вода. На лебот распоредете половина од количината од подготвените печурки, па повторно ставете ред натопен леб и одозгора преостанатите печурки. Печете во рерна на 160 степени околу 20 минути.