Брза домашна штрудла со афион: Нема потреба да чекате за да нарасне тестото

Добивај вести на Viber

Неодолив вкус и мирис...

Состојки за тесто: 

200 милилитри млеко, 1 лажичка шеќер, 7 грама сув квасец, 1 јајце и една белка, 125 грама масло, 500 грама меко брашно, 1 лажичка млеко за премачкување.

Состојки за фил:

400 грама мелен афион, 150 грама шеќер, 50 грама гриз, 300 милилитри млеко.

Подготовка:

Загрејте го млекото за квасецот и веднаш ставете го млекото за филот. Во топлото млеко ставете го шеќерот и квасецот и оставете го да нарасне. Измешајте го афионот, шеќерот и гризот па полијте со млекото, измешајте и оставете да се излади. Повремено мешајте ја смесата за побрзо да се олади.

Во садот истурете го брашното, додадете го маслото и јајцето и белката, па истурете го нараснатиот квасец. Прво мешајте со дрвена лажице, а потоа со рака. Тестото добро замесете го. На крајот додадете малку брашно, за да можете да го размесите тестото.

Истурете малку брашно на работната маса, а потоа повторно месете. За тоа време треба филот да ви биде изладен. Доколку е уште топол покријте го тестото и почекајте. Доколку ќе се излади филмот, може да продолжите со работа.

Поделете го тестото на два дела. Во тепсија ставете хартија за печење со направена преграда помеѓу двете штрудли, за да не се залепат.

Тестото развлечете го поширина на тепсијата, а потоа и по должина. Нанесете половина од филот, а потоа замотајте ја го тестото. Истото повторете го и со остатокот од тестото.

Изматете ја жолчката со млеко и премачкајте ги штрудлите и не заборавајте да ги избоцкате малку со вилушка. Загрејте ја рерната на 180 степени, а потоа ставете ги штрудлите да се печат. Печете ги 40 минути.

По печењето штрудлите оставете ги да се оладат и на крајот фрлете се на дегустирање.

* Во овој рецепт, главна состојка е афионот, затоа кога ќе пазарувате побарајте го оној на „Кибела“ и бидете сигурни, кога се во прашање вкусот и квалитетот.

* ПР - објава

фото: Youtube Printscreen