Букет на неделата: Секој цвет своја магија

Стрелиција, Антуриум, Кралски крин, Протеа, Гербер, Каранфил, Далија… 

Прекрасна цветна игра во која секој цвет оддава своја магија и секој цвет како да ѕвони со својата цветна мелодија. Ова е совршена цветна музика. А како диригент, во оваа музичка синфонија од цветови моќно се исправа Стрелицијата. Стрелиција, или Рајска птица како што се нарекува. Таа е неверојатна и возбудлива природна раскош. Доаѓа од јужна Африка и како да го носи целото афричко волшепство со себе. Оваа силно портоколаова нијанса на цветови во кобинација со виолетова нежност е еден од најпродаваните цветови во светот. Можете да го ставите сам овој цвет во вазна и да имате необична и егзотична цветна скулптура во вашиот дом, која ќе трае полни 20 денови, а можете да го добиете и вака, во преубава цветна колоритност која ќе создаде цветна музика во вашиот дом. 

Дојдете во цветна галерија Сончевина или порачајте ваков букет онлине на нашата фб страница. Имајте цветни мисли. Со љубов цветна галерија Сончевина.