Бурно минато: Принцот Филип ја изневерил кралицата Елизабета со дванаесет жени!?

И денес, кралицата и војводата често се разделуваат поради бројните кралски должности што ги има Елизабета.

Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип се во брак од 1947 година и се сметаат за еден од похармоничните парови во јавноста. Сепак, за време на седумдесет и три години брак, на кралицата не и беше лесно. Иако на многумина им звучи невозможно, странските медиуми пишуваат дека и кралицата Елизабета била измамена сопруга и дека во текот на седумте децении брак на нејзиниот сопруг, него го поврзувале со дури дванаесет жени.

Во новата биографија на војводата од Единбург е претставено турбулентното минато на принцот Филип, пренесува „Дејли меил“. Имено, Мајк Паркер, близок пријател на војводата изјави дека за Филип, доаѓањето на Елизабета на тронот значело крај на неговиот живот, кој тој го живеел дотогаш. Грчкиот принц се одрекол од морската кариера и требало да се привикне на почитување на протоколот, што не му било лесно.

И денес, кралицата и војводата често се разделуваат поради бројните кралски должности што ги има Елизабета.

Кралицата Елизабета има многу обврски од моментот кога ја презеде круната. Оттогаш, таа има многу разбирање за нејзиниот сопруг. Бидејќи тој се откажа од морската кариера поради неа, таа не се жалеше кога тој отиде на Олимписките игри во Мелбурн во 1956 година, а потоа на Нов Зеланд и Фокландските острови. Во тоа време се дозна дека Филип е неверен на кралицата. Кралицата Елизабета била измамена жена, но се обидела да го прикрие целиот случај, отпатувала кај својот сопруг, а кога се вратиле во Лондон, јавноста ги виде насмеани и среќни.

Меѓу жените кои ги поврзувале со Филип имало аристократки и актерки.

На списокот се наоѓа и името на Патрициа Кирквуд, најплатена актерка тогаш во Лондон во 1950-тите. 

Патрициа еднаш изјави дека ќе имала многу поубав и посреќен живот ако принцот се врател кај својата бремена жена таа вечер, кога се нашол во нејзино друштво.

Филип се поврзуваше и со една од најголемите балетанки на 20 век, Галина Уланова, за што се дискутираше и во серијата „Круна“ на Нетфликс, во која гледачите можеа да видат како кралицата наоѓа фотографија од танчерката со нејзиниот сопруг.

Иако не и беше лесно, кралицата Елизабета секогаш остана при еден став - мажот секогаш останува маж. Сепак, нејзиниот сопруг бил член на кралското семејство и неговите „дамки“ морале да исчезнат, не само поради децата, туку и поради нејзината кралска репутација и авторитет.

Судејќи според она што го вели биографијата на војводата од Единбург, кралицата Елизабета била измамена сопруга, а нејзиниот сопруг имал дури дванаесет љубовници. Сепак, без разлика дали станува збор само за шпекулации, или Филип навистина имал бурно минато, вистината секогаш ќе остане под превезот на тајност.

извор:glossy.espreso.rs