Цеца го изгуби гласот: Не се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, еве која е причината

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска не се појави на снимањето на новата емисија на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“.

Наместо тоа, нејзина замена во жирито е Ивана Петерс, која ѝ е помошничка на Цеца во подготовките на кандидатите.

Од продукцијата „Гранд“ се огласија дека Цеца имала настинка, и дека толку ја болело грлото што буквално останала без глас.
- Цеца навистина не можеше да дојде на снимањето. Ја фати тешка настинка. Дури и го изгуби гласот. Наместо тоа, додека не закрепне, во жирито ќе биде Ивана Петерс - изјавија за „Блиц“ од продукцијата.

извор:blic.rs