Цел свет чекаше да ги види за „Halloween“: Кралицата на костимите се појави како црв, Меган Фокс и МГК - бизарни (ФОТО)
Хајди Клум или како што ја нарекуваат кралица на костимите за „Ноќта на вештерките“, уште еднаш го докажа тоа синоќа, кога на Инстаграм ги објави подготовките од нејзината трансформација до финалниот производ. Во маската секако ѝ се придружи и нејзиниот сопруг Том Каулиќ.
Никој со години не носи подобри костими за „Ноќта на вештерките“ од Хајди Клум. Затоа со најголемо нетрпение се чека нејзиниот избор на маска за овој празник и не е лесно да се справите со таква репутација и очекувања, а Хајди свесна за ова дава се' од себе, секој пат да биде на висина на задачата.
Во тоа и помага цел тим на луѓе, а Хајди и Том покажаа дека се подготвени да издржат часови и часови на маскирање, како и тони шминка, боја и пластика на нив. Зато крајниот производ беше повторно маска каква што никој не направил досега, така Хајди се појави како огромен црв, повторно надминувајќи се себеси, додека нејзиниот сопруг ја придружуваше како рибар со извадено око.
фото:profimedia
За најбизарна маска, дефинитивно се прогласени костимите на Меган Фокс и Машин Ган Кели - тој глумеше свештеник додека Меган одеше и ползеше покрај него, врзана со синџир, како садо - мазо девојка.
фото+видео:
Контроверзниот пар со овој нивен потег, каде тој како свештеник ја држеше на поводник, наиде на главно негативни критики.
Како се маскираа некои од останатите светски ѕвезди:
Ким Кардашијан
Кендал Џенер