Цел живот погрешно го сечете кромидот: Трик од професионалните готвачи, кој ќе ви го олесни животот

Добивај вести на Viber

Попи Отул, една од младите „инфлуенсерки“, која на ТикТок има 1,3 милиони следбеници, откри одличен трик кога сецкање кромид е во прашање.

Неодамна сподели кратко видео за кое тврди дека ќе ви го „промени животот“. Во видеото покажува многу едноставен начин за сецкање кромид.

„Ова е една од првите техники кои ги учите кога ќе станете готвач. Прво морате да го исечете врвот на кромидот, а потоа да ја отстраните лушпата. Се препорачува да почнете со хоризонтално сечење и да направите три или четири засеци. Но, водете сметка другиот крај да остане недопрен. Потоа пресечете шест пати вертикално, па завртете го и исечете го до крај“ - вели Отул.

View this post on Instagram

A post shared by Poppy O’Toole (@poppy_cooks)

„Едвај чекам да го пробам ова“, „Сакам да готвам, но за ова не знаев“, „Го грешам ова цел живот“ - се само некои од многубројните коментари.

фото: Shutterstock