Целиот Интернет е шокиран од големината на новите гради на Џорџина Родригез: Брутално добро или одвратно кич

Џорџина Родригез во средата се појави на гала вечерата на која традиционално се доделуваат награди на највлијателните личности со латино потекло, а за црвениот тепих избра прилично предизвикувачко издание кое ретко кој остава рамнодушен.

Вереницата на Роналдо избра гламурозна, заводлива креација во светло сина боја украсена со кристали и циркони со различни големини и форми.


Атрактивната 28-годишна девојка буквално блесна во оваа тоалета, но покрај светкавите украси имаше и други ефективни детали кои ги украдоа сите погледи.

Имено, овој фустан го красеше корсет кој ја затегнуваше половината на Џорџина, но и длабок шлиц кој ги откриваше нејзините затегнати нозе и огромно деколте кое всушност беше акцентот.


Оваа креација бара не само големи атрибути, туку и луда самодоверба, а судејќи по насмевката на нејзиното лице и цврстиот став на убавата бринета, очигледно не ѝ недостасува.

Џорџина го надополни сето тоа со дијамантски накит и гламурозна шминка, но без оглед на тоа, ѕвезда на овој моден избор беше нејзиното бујно деколте - поголемо од било кога! Не знаеме дали тоа е поради ефектот на тесниот фустан или пак познатата убавица хируршки ги зголемила градите, но едно е сигурно – не изостанаа коментарите на социјалните мрежи.


„Ужасни импланти“, „Навистина е убава, но што е со нејзините гради“, „Градите ѝ изгледаат ненормално“, „Има балони наместо гради“, се само дел од бројните коментари.

Извор: zena.blic.rs

*Како изгледа жена која има многу пари, а нема стил: Џорџина повторно ги запрепасти модните експерти! (ФОТО)