Цени ги борбите како можности за будење: Моќни цитати на Џеф Бриџис

70-годишниот американски актер Џеф Бриџис, добитникот на Оскар за најдобрата машка улога во 2010 година за неговата улога на алкохоличар во филмот „Лудо срце“, и  почестен добитник со наградата Сесил Де Мил за време на наградите „Златен глобус“ во 2019 година, откри дека му бил дијагностициран рак. Актерот има неколку епски улоги, а еве и некои од неговите најпознати мудрости:

„Надежта е интересна, нели? Не можам да ја исклучам надежта, тоа е безнадежно “

„Треба да се грижиш за себе на патот, не само кога ќе ја поминеш целта, затоа што не заборавај, каде и да си, тоа е линијата на целта“

„Некои луѓе велат дека треба да работите со сè, но има време и место. Ако се чувствува како јазол, почекајте. Ќе се појави повторно кога вие и универзумот ќе бидете подготвени“

„Цени ги борбите како можности за будење“

„Да се биде жив, мора да направиш нешто. Да не се прави ништо е исто така некаква акција “

„Секогаш одржувај радосен ум. Цени ги борбите како можности за будење “

„Не е доволно само добро да се однесуваме кон жените. Ние мора да работиме за да се осигураме дека сите мажи се однесуваат добро кон жените “

„Луѓето се вљубуваат поради мистериозни причини“

„Едно од најголемите чувства на светот е да знаеме дека ние како индивидуи можеме да направиме разлика. Да се стави крај на гладот во Америка е цел што буквално е во наша моќ ”


Фото: Getty

Можеби ќе ве интересира:

Моќни пораки од Опра за жените: Биди жена која се носи со сè во животот